(Видео) Градоначалничка се омажила пред 150 гости па барала да не се прават масовни собири

(Видео) Градоначалничка се омажила пред 150 гости па барала да не се прават масовни собири

пред 3 години

Градоначалничката Патрисија Дуран, од мексиканскиот град Наукалпан, во ист ден направила свадба во присуство на 150 гости, а потоа на „Фејсбук“ предупредила да се избегнуваат масовни собири.

Таа во саботата се омажла за поранешниот полициски комесар Лазар Гајтан, пренесува „Дејли Мејл“. Наместо церемонијата да ја одржат во Мексико, каде постои висок ризик од пандемијата на ковид 19, тие свадбата ја направиле во државата Морелос, каде опасноста била помала.

Истиот ден откако ја направила свадбата, Дуран на својот „Фејсбук“ објавила предупредување за да се избегнуваат масовни собири поради опасноста од ширење на корона вирус.

„Ковид предупредување, сега сме во ризик на црвено ниво“, напишала таа на шпански.

Веднаш по нејзината објава, следеле лавина критики од луѓе, кои ја нападнале дека и таа не ги почитувала мерките. Тие ја нападнале дека и гостите на нејзината свадба не носеле маски.

Во понеделникот Мексико беше на четвртото место на светот со 118.202 смртни случаи, а на 13. место по бројот на заболени, со вкупемн број од 1,3 милиони.

 

 

Share
Scroll to Top