(Видео) Група Маестро, Тодор Завков и Баже Маротов во чест на маестро Милан Завков отсвиреа три негови безвременски ора

(Видео) Група Маестро, Тодор Завков и Баже Маротов во чест на маестро Милан Завков отсвиреа три негови безвременски ора

пред 10 месеци






Група Маестро, Баже Маротов и братот на македонскиот виртуоз на хармоника Милан Завков, Тоше Завков во спомен на хармоникашот отсвиреа три негови ора.

„Миланова игра, Меден чочек и Маестрално оро“ е насловено видеото кое го објавија на социјалните мрежи.

„На денешен ден е роден нашиот маестро Милан Завков. Во негова чест ние како како Група Маестро, неговиот брат Тодор Завков и неговиот колега и кумашин Благој Маротов, како најблиски негови соработници отсвиревме три негови безвременски ора. Легендите имаат само датум на раѓање, а денес е тој ден. Среќен роденден маестро Милан. Ти благодариме за сè“, стои во објавата на Фејсбук од Група Маестро.






Share
Scroll to Top