Група мажи среде Москва претепаа Русин пред неговиот син. Ова беше главна вест во медиумите кои ја пренесоа и снимката од бруталниот напад во предградието на Москва, Нова Ватутинка. Инцидентот се случил во доцните часови, а објавената снимка предизвика бес во јавноста.
На видеото се гледа како четворица мажи го удираат со тупаници и клоци, а се иживуваат и врз неговото малолетно дете и му врзувале шамари. На снимката се гледа како човекот со синот се обидуваат да им побегнат.
Русинот во медиумите изјави дека еден од напаѓачите имал и нож. Полицијата ги приведе напаѓачите, а засега нема информации која е причината за инцидентот.