Девојката поради која беше разрешен градоначалникот на албанскиот град Кукс, Сафет Ѓичи, е агент провокатор на криминална група која изнудувала пари од фунцкионери и бизнисмени.
Групата им се заканувала на жртвите дека ќе ги објават експлицитните видеа во јавноста и на тој начин им изнудувала пари. Полициски извор од истрагата откри дека девојката се вика Алма Кучи.
Кучи се среќавала со високи функционери, политичари, познати личности и бизнисмени. Ги заведувала, ги снимала и групата зад неа потоа ги уценувала жртвите. Првиот човек на општина Кукс беше разрешен откако во јавноста беше објавено видеото во неговата канцеларија каде имале орален секс.
Албанските медиуми пренесоа камерата била ставена во нејзината чанта, пред масата на која се случил сексуалниот чин. Неофицијални извори посочуваат дека девојката е добро обучен агент, кој заведувал високи функционери.