(Видео) Девојка за прват ќе вози за тимот на „Ферари“

(Видео) Девојка за првпат ќе вози за тимот на „Ферари“

пред 3 години

Тимот на „Ферари“, кој се натпреварува во најпрестижното тркачко натпреварување, „Формула 1“, ја донесе во својата академија првата жена возач.Станува збор за 16. годишната Маја Вог од Холандија. Таа ќе влезе во историјата како прв женски возач во академијата на италијанскиот тим.

Вог беше најдобра за време на петдневниот камп за млади таленти во седиштето на „Ферари“ и на тест-патеките во Маранело и Фјорано. Таа сезонава ќе настапува во првенството на „Формула 4“.

Директорот на Академијата на „Ферари“, Марко Матаса, изјави дека постигнатиот резултат на холандската тинејџерка е најдобар во историјата на кампот за млади таленти.

„Ова е клучен момент во историјата на „Ферари“ и Академијата, изјави шефот на италијанската Ф1 екипа, Матија Биното.

Тој вели дека со Вог во тимот на „Ферари“, станува јасно дека мотоспортот ќе стане поинклузивен и порамноправен. Вог живее во Шпанија, нејзината мајка е Белгијка, а таткото Холанѓанец.

На трките во Формула 1 нема женски натпреварувач уште од 1976 година кога настапуваше сега веќе покојната Италијанка Лејла Ломбарди.

Share
Scroll to Top