Девојка со шминка си го трансформираше ликот и се претвори во Чак Бас од хит-серијата „Озборувачка“. Видеото на кое таа се шминка, го гледаше и Ед Вествик, кој го глуми Чак во популарната серија. Тој ја сними својата реакција и не го крие воодушевувањето. Видеото стана хит на интернет, а фановите на „Озборувачка“ коментираат дека девојката е совршена.