(Видео) Дивјачко однесување на Роналдо, му удри шамар на О’Шеј

(Видео) Дивјачко однесување на Роналдо, му удри шамар на О’Шеј

пред 3 години

Синоќешниот меч меѓу Португалија и Република Ирска ќе остане запаметен по дивајчкото однесување на Кристијано Роналдо, кој во 15 минута му удри шамар на противничкиот фудбалер О’шеј. Роналдо го удри О’шеј откако Ирецот му ја помести топката од белата точка.

ВАР не реагираше ни непримерниот потег на Португалецот, кој се случи неколку моменти откако Португалија доби пенал, а кој Роналдо не успеа да го реализира. Сепак во финишот од мечот, во 89 и 96 минута, Роналдо успеа да им даде два гола и да стигне до бројката од 111 голови за националниот тим. Никој во историјата нема постигнато топку голови за една репрезентација.

Share
Scroll to Top