Флавија Рибеиро, позната како диџеј Флавиња, се здобила со изгореници од прв степен и исекотини на лицето по фијаското со топот за конфети на концертот во Санта Катарина, Бразил, во саботата, пишува Дејли мејл.
И покрај силната болка, таа се вратила на сцената и го продолжила сетот уште 20 минути по несреќата, а потоа е однесена во болница. Видеото од повредата го видоа 10 милиони луѓе откако се појави на интернет.
На снимката од експлозијата се гледа како диџејката Флавиња најпрво го вади топот за конфети, сакајќи да ја загрее атмосферата кај насобраната публика.
Додека нејзиниот музички сет свири во позадина, Рибиеро го крева топот за да го разнесе над толпата, не знаејќи дека го држи на погрешен начин.
Откако болно го пука апаратот на гас во своето лице, се гледа дека Рибиеро набрзина бега од шокираната толпа кон задниот дел на бината.
По настапот Флавиња се осврна на инцидентот во видео до нејзините 33.000 следбеници на Инстаграм.
Диџејката во видеото носи завои на вратот и има неколку исеченици на лицето.
„Моето видео се врти насекаде. Се случи несреќа“, вели таа.
Флавиња додала дека сега се опоравува и дека сѐ е во ред.