Панчо и Андреј со новогодишни пакетчиња и цеде од нивниот последниот албум израдуваа децата од две основни училишта во Скопје.
Насмеани и среќни децата од двете одделенија деца со своите идоли заедно во хор ја пееја „Што сака нека биде“. Освен пакетчиња Панчо и Андреј ги частеа и пици.
„Си поминавме прекрасно, а тие како вистински домаќини не почастија со песна, многу гушкање и на крај заедно испеавме неколку песни од ДНК“, раскажаа Панчо и Андреј.
ДНК традиционално дели новогодишни пакетчиња, а овој пат избор беа соучениците од одделенијата на нивните деца Маки и Јана од основните училишта „Горѓија Пулевски” и „Димо Хаџи Димов”.
Панчо и Андреј голем дел од парите од концертот ќе ги искористат во хуманитарни цели, исто така дел и ги донираа за Фондацијата „Марко Божиновски“.
ДНК изминатите години често им помагаа на социјално загрозените семејства преку најразлични донации.
Фото: ДНК Фејсбук