Додека маж се снимаше на плажа во Дубаи, задникот на Карлеуша му упадна во кадар. Пејачката го сподели видеото и на социјалните мрежи. Карлеуша во моментов е на одмор во Обединетите Арапски Емирати со ќерките. Таму го прослави 44 роденден.
Направи голема журка со огномет и на социјалните мрежи напиша дека тоа е почеток на нова ера. Пејачката за роденденот облече секси фустан од македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
За „Репортер“ Златко рече дека фустанот ѝ го испратил неодамна, а Јелена му кажала дека наскоро ќе го облече, но се изненадил кога видел дека решила да го носи за роденденската прослава.
(Галерија) Карлеуша со секси фустан од македонски дизајнер славеше 44. роденден