(Видео) Дубаи првпат направи вештачки дожд за да ги намали горештините од 50 степени

(Видео) Дубаи првпат направи вештачки дожд за да ги намали горештините од 50 степени

пред 3 години

Во Дубаи деновиве првпат беше направено вештачко невреме со дронови, за градот да се излади од горештините кои достигнуваат и над 50 степени. Во Обединетите Арапски Емирати скоро никогаш не врне дожд, па властите решија да направат проект со кој ќе го разладат воздухот, пишува „Дејли меил“.

Државата неодамна вложи 15 милиони долари во проект со кој преку дронови ќе може да влијае на времето. Дубаи, користејќи ја оваа технологија со дронови, успеа да направи да падне вештачки дожд: се пуштаат дронови во облак кој испушта сребрени диоди, создава електрично празнење и почнува вештачкото невреме.

Емиратите важат за едни од најсушните земји во светот, а бидејќи дроновите покажале одлични резултати во разладувањето на Дубаи, се очекува да се користат се повеќе во иднина и оваа технологија да го зголеми дождот на годишно ниво.

Share
Scroll to Top