(Видео) Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна

(Видео) Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна

пред 19 часа

По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци, поп-дуото Дупер повторно ни носи уште една нова, енергична песна која ја поврзува модерната сцена со едно од најемотивните музички наследства на нашето детство – „Супер ѕвезда“.

Новата песна „Дупер ѕвезда“ зборува за желбата да успееш и да се докажеш, но притоа да останеш приземен и свој во процесот. Приказната е раскажана со онаа нивна препознатлива комбинација на самодоверба, сомнеж и доза хумор.

И визуелно и музички, „Дупер ѕвезда“ се држи до минимализмот. Чист звук и јасна порака. Овојпат без класичен спот, туку со впечатлива и динамична видео-анимација.

Песната е достапна на YouTube и останатите дигитални платформи.

Share
Scroll to Top