На патниот правец од Дебар кон Маврово се отвори кратер длабок над 20 метри. Поради големата дупка на патот, сообраќајот на патот од Дебар кон Маврово, кај селото Долно Косоврасти и делницата од Дебар кон Жировница, се одвива наизменично по оспособена девијација.
„Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2.30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчина од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот со материјал-песок“, рече Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Во добри раце е на другарка ти задникот: Бојан и Марија од Ај Кју на Корзика
(Видео) Ивона Јо се расплака на промоцијата за нејзината прва песна
Ме доживуваа како да сум само парче месо: Емили Ратјковски за заминувањето од актерската сцена
Кога жените ќе го променат полот во Австрија мораат во пензија на 65 години
Добрите страни на секој хороскопски знак
TOYOTA RAV4 – Од прв во светот до најдобар во светот и во Македонија