(Видео) Елмас даде гол за Наполи во Лига Европа

(Видео) Елмас даде гол за Наполи во Лига Европа

пред 2 години

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас даде гол со глава за тимот на Наполи против Спартак Москва во Лига Европа. Италијанскиот клуб на крајот го загуби натпреварот со 2:1, па со победата Русите сега се први во групата.

Во последното коло ќе се решава кој од првите два тима ќе оди во следната фаза, а кој како третопласиран во Конференциската лига.

Во групата Спартак и Наполи имаат по 7 бода. Следат Легија со 6 и Лестер Сити со 5, но овие два тима имаат и меѓусебен меч кој го играат во четврток.

Share
Scroll to Top