Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас даде гол на натпреварот против Јувентус, па за да прослави седна на терен со својот соиграч ДиЛоренцо, и глумеа дека играат карти.
Наполи го победи Јувентус 5:1 со што е сè поблиску до титулата во италијанската Серија А. Елмас натпреварот го почна од клупата за резерви, а брзо откако влезе во игра, самиот си создаде простор по десната страна и даде гол, па прослави на интересен начин.
Навивачите на Наполи му дадоа и нов прекар на Елмас. Сега го нарекуваат „Ел Масимо“ бидејќи секогаш го дава максимумот во дресот на Наполи.