(Видео) Елмас му даде гол на Јувентус, па седна на терен да игра карти со ДиЛоренцo

(Видео) Елмас му даде гол на Јувентус, па седна на терен да игра карти со ДиЛоренцo

пред 1 година





Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас даде гол на натпреварот против Јувентус, па за да прослави седна на терен со својот соиграч ДиЛоренцо, и глумеа дека играат карти.

Наполи го победи Јувентус 5:1 со што е сè поблиску до титулата во италијанската Серија А. Елмас натпреварот го почна од клупата за резерви, а брзо откако влезе во игра, самиот си создаде простор по десната страна и даде гол, па прослави на интересен начин.

Навивачите на Наполи му дадоа и нов прекар на Елмас. Сега го нарекуваат „Ел Масимо“ бидејќи секогаш го дава максимумот во дресот на Наполи.





Share
Scroll to Top