(Видео) Елтон Џон и Мајкл Кејн снимија реклама за да ги поттикнат луѓето да се вакцинираат против коронавирусот

пред 3 години

Пејачот Елтон Џон и актерот Мајкл Кејн снимија комична реклама за да ги охрабрат своите обожаватели да се вакцинираат против Ковид-19.

Во рекламата Џон (73) прави пародија на својот углед и се преправа дека е на аудиција, а жирито ги критикува неговите актерски способности. Кејн (87) се потсмева самиот на себе и го повторува слоганот што го користат неговите имитатори: „Не многу луѓе го знаат тоа“.

Во Велика Британија досега се вакцинираа повеќе од 12,6 милиони луѓе и нивната цел е до 15 февруари да имаат 15 милиони вакцинирани од четирите приоритетни групи, вклучувајќи ги и оние над 70 години. Во земјата постои загриженост дека некои луѓе ќе избегнуваат вакцина поради дезинформациите и теориите на заговор.

Share
Scroll to Top