Српската пејачка Емина Јаковиќ сними дует со Ацо Пејовиќ. Песната „Рано је“ ја објавија на Меѓународниот ден на жената.
Текстот е на Емина, а за музиката српската пејачка соработуваше со Дарко Димитров.
„Среќен 8 Март ви посакуваат вашите Емина и Ацо“, напиша таа на Јутјуб.
Спотот е високобуџетен кој со денови се снимал на неколку луксузни локации.
Објавувањето на дуетот беше одложувано неколку пати. Песна требаше да и биде претставена на публиката на 14 февруари, но поради разорниот земјотрес во Турција каде Емина живее со години, пејачите ја одложија премиерата.