(Видео) Еротски танц под црвено светло: Девојките од излозите го запалија Скопје

(Видео) Еротски танц под црвено светло: Девојките од излозите го запалија Скопје

пред 4 години

Со еротски танц под црвено светло, пет сексуални работнички вечерва од излози над влезот на Универзална сала, го „запалија“ Скопје, пренесе а1он.мк

И покрај пандемијата и студот, платото пред Унивeрзална се наполни со публика која гласно реагираше на движењата на девојките во излозите. Меѓу насобраните имаше и такви кои на колена застануваа пред девојките, им испраќаа бакнежи, го имитираа нивниот танц од платото и правеа селфиња.

Танцот во излози или „Скопје ред лајт дистрикт“ е начинот на кој годинава сексуалните работници од земјава решиле да го одбележат 17 декември, Меѓународниот ден против насилство врз сексуалните работници, кој изминативе 13 години се одбележуваше со „Марш на црвени чадори“.

„Скопје Ред Лајт дистрикт“ се одржува вторпат, првиот беше во 2017 година. Се враќаме по три години во пооригинално светло. Ова е уметнички перформанс кој има за цел да го отслика шармот и духот на улицата на црвените фенери во Амсtердам

Share
Scroll to Top