(Видео) Звукот на '80те и '90те во новата песна на „Фикшн“

(Видео) Звукот на ’80те и ’90те во новата песна на „Фикшн“

пред 3 години

„Дали Знае?“ е четвртата песна на скопскиот поп-рок состав „Фикшн“, која ги спојува звуците на поп-музиката од ’80те и ’90те години, со модерниот рок звук.

Музиката и текстот на песната се на Виктор Захариев, а аранжманот го направија сите членови на бендот: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, вокал), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани). Аудио продукцијата е на Виктор Захариев и Виктор Георгиевски, кој е одговорен и за миксот и мастерот на песната.

Момците од „Фикшн“ снимија и спот, составен од инсерти од секојдневието на бендот во изминатите години, и го монтираа Steady Flow.

Share
Scroll to Top