Познато е дека моделите на „Викторија Сикрет“ подлежат на ригорозни диети, со цел да одговараат на подготвените броеви за носење, потребни за презентирање на ексклузивна долна облека, па затоа не е изненадувачки што една од најефикасните диети доаѓа токму од нив.
Станува збор за диета која ја дизајнирал тренерот и нутриционист, Стефан Пастерино, за двајца Ангели на „Викторија сикрет“, Бланка Падила и Надин Леополд.
Денот започнува со јаболков оцет, а во текот на денот се дозволени вкупно 1.300 калории. И нема отстапувања, нема „слободни“ денови, не смеат да се прават грешки и да ја поправаме ситуацијата следниот ден.
Ова е предлог пример посочен од нутриционистот Стефан Пастерино:
Појадок:
- половина авокадо и половина грејпфрут попрскани со цимет.
- Алтернатива се зелените смути направени од свеж зеленчук и овошје или омлет од белка од јајце со спанаќ и мисирка.
Ручек:
- зелена салата со зеленчук и малку протеини (бело пилешко, посно риба).
Ужина:
- неколку ореви или бобинки.
Вечера:
- здрави јаглехидрати со зеленчук и протеини со малку маснотии – интегрален ориз, сладок компир или киноа со посно месо (или риба) и зеленчук варен на пареа.
Диетата бара храната да се подготвува без сол, само со маслиново масло и оцет како зачин. Се пие многу вода, минимум два литра на ден, а дневните тренинзи се сфаќаат многу сериозно.