(Видео) Здрави навики на ангелите на „Викторија Сикрет“: Диета и вежби за обликување на телото

(Видео) Здрави навики на ангелите на „Викторија Сикрет“: Диета и вежби за обликување на телото

пред 3 години

Познато е дека моделите на „Викторија Сикрет“ подлежат на ригорозни диети, со цел да одговараат на подготвените броеви за носење, потребни за презентирање на ексклузивна долна облека, па затоа не е изненадувачки што една од најефикасните диети доаѓа токму од нив.
Станува збор за диета која ја дизајнирал тренерот и нутриционист, Стефан Пастерино, за двајца Ангели на „Викторија сикрет“, Бланка Падила и Надин Леополд.
Денот започнува со јаболков оцет, а во текот на денот се дозволени вкупно 1.300 калории. И нема отстапувања, нема „слободни“ денови, не смеат да се прават грешки и да ја поправаме ситуацијата следниот ден.

Ова е предлог пример посочен од нутриционистот Стефан Пастерино:


Појадок:

  • половина авокадо и половина грејпфрут попрскани со цимет.
  • Алтернатива се зелените смути направени од свеж зеленчук и овошје или омлет од белка од јајце со спанаќ и мисирка.

Ручек:

  • зелена салата со зеленчук и малку протеини (бело пилешко, посно риба).

Ужина:

  • неколку ореви или бобинки.

Вечера:

  • здрави јаглехидрати со зеленчук и протеини со малку маснотии – интегрален ориз, сладок компир или киноа со посно месо (или риба) и зеленчук варен на пареа.

Диетата бара храната да се подготвува без сол, само со маслиново масло и оцет како зачин. Се пие многу вода, минимум два литра на ден, а дневните тренинзи  се сфаќаат многу сериозно.

Share
Scroll to Top