(Видео) Зошто старите Египјани престанале да ги градат пирамидите

(Видео) Зошто старите Египјани престанале да ги градат пирамидите

пред 3 години

Египетските фараони ги граделе пирамидите, а често во нив биле и погребувани. Чудесните пирамиди се граделе меѓу владеењето на кралот Џосера (2630-2611 година пред новата ера), кој ја изградил шестостепената градба во Сакара, до времето на кралот Ахмосе I (1550-1525 година пред новата ера). Тогаш е подигната последната позната кралска пирамида во Египет во Абидосу.

Се претставувале симболите на нивната моќ, богатство, но и верски убедувања. Затоа се поставува прашањето, зошто старите Египјани, престанале да ги градат пирамидите?

Во ангички Египет, конструкцијата на пирамидата почнала да изумира по владеењето на Ахмосеа, кога фараоните почнале да ги погребуваат во Долината на кралевите недалеку од Теба, денешен Луксор.

Првата потврдена кралска гробница во долината ја изградил Тутмос I (владеел од 1504-1492 пред нашата ера), но, се верува дека и неговиот претходник Аменхотеп, исто така имал свое гробно место во Долината на кралевите, иако тоа денес е предмет на голема дискусија меѓу египтолозите.

Зошто се престана со градење на пирамидите?

Не е сосема јасно зошто фараоните се откажалеод пирамидите, но, се верува дека тоа е поради безбедносните причини.

„Постојат голем број теории, но, затоа што грабежот на гробниците не можел да се избегне, сокривањето на кралските гробници во далечните долини, врежани во каменот, сигурно одиграле важна улога“, рече професорот по египтологија на Универзитетот Харвард, Питер дер Мануелиан.

Професорот на Универзитетот во Бристол, Ајдан Додсон, рече дека Египјаните пред да се откажат од градењето на пирамидите, веќе престанале да ги поставуваат гробниците под нив. Последната кралска пирамида на Ахмосеа I и Абидос, своите гробници ги имаат длабоко во пустината, околу половина километар подалеку.

Еден историски запис кој би можел да содржи важни докази, го напишал човек по име Инени, а бил задолжен за изградба на гробницата Тутмос I во Долината на кралевите. Тој навел дека самиот го надгледувал ископувањето на гробницата, „никој не гледал, никој не слушал“, што укажува дека тајноста била многу важна.

Природната топографија на Долината на кралевите, може да објасни зошто баш таа локација е избрана за погребување на владетелите. Има шпиц кој потсетува на пирамидите.

„Шпиц личи на пирамида така што може да се смета дека владетелите биле погребувани во подножјето на пирамидата“, рече египтологот Мирослав Барт, пренесува Live science.

За Египјаните пирамидите биле важни затоа што претставувале место за воздигнување и трансформација, односно, премин во задгробниот живот.

Луксор, кој станал глвен град на Египет за време на Новото кралство (1550-1070 п.н.е.) исто така можел да има важна улога во откажувањето од градење на пирамиди.

Како што навел Додсон, градот е ограничен простор со доста издигнувања и вдлабнатини. Со други зборови Луксор бил премногу мал и архитектонски барал да во него се градат импозантни градби како пирамидите.

Освен тоа, имало промени и во религиските верувања затоа што Египјаните почнале да градат подземни гробници, па пирамидите станале вишок.

За време на Новото кралство, идејата кралот да патува ноќе низ подземјето, станала многу популарна, а тоа барало софистицирани планови за гробници, кои се правеле длабоко под земјата, навел Барта. Подземните гробници врежани во камењата на Долината на кралевите, добро се вклопиле во замислата.

Сепак, иако фараоните престанале да ги градат пирамидите, богатите поединци продолжиле со таа пракса. На пример, гробница стара 3300 години во Абидос, била изградена за писарот Хоремхеб, а на влезот имала пирамида, висока 7 метри.

За време на првиот милениум пред Христос, пирамидите се граделе и во Нубиј, подрачје кое го чинат денешен Судан и делови од јужен Египет.

Нубијците ги граделе како за членови на кралското семејство така и за обичните граѓани. Не е познато колку точно се изградени, но се верува дека има околу 180 кралски пирамиди, додека за поединци биле подигнати многу повеќе.

Владетелите на Нубије престанале со градба на ваквите објекти пред околу 1700 годин.

Повеќевековна мистерија

Со векови историчарите и археолозите се обидувале да дојдат до одговорот како друштвото од бронзената доба, која не била технолошки развиена, успеала да помести огромни блокови од варовник и гранит од кои се изградени пирамидите во Гиза.

Изградбата од блокови, во просек тешки 2,3 тони во случајот со Големата пирамида, денес стојат речиси недопрени. Како древните Египјани успеале да ги изградат пред 1000 години и понатаму останува мистерија.

Според зборовите на Мустафа Вазарија, секретарка во египетското Министерство за антиквитети, пронаоѓањето на рампата е многу важно откритие, затоа што таа е првиот доказ кој покажува како блоковите биле подигнувани и транспортирани од каменоломот.

Иако не е разјаснето како блоковите се подигани на страничните делови од пирамидата, откривањето на рампата би можело да даде нови насоки во разбирањето на самата техника на градење.

Во каменоломот алабастер во Хатнуб, северно од градот Луксор, пред неколку години е пронајдена 4500 години стара рампа за која се верува дека Египјаните ја користеле за транспорт на камени блокови од каменоломот на градилиштето.

Имено, иако основниот материјал во изградбата на пирамидата бил користен варовник, алабастер еден вид на мермер, кој се користел за поплочување на подовите и изработка на киповите и саркофагот. Системот на рампи за транспорт на ископаниот алабастер, кој датира од периодот на владеење на Кеопс, вториот фараон од 4 династија на древен Египет, веројатно се користел за транспорт на камените блокови од други каменоломи.

„Системот се состои од централна рампа и два пара скали на секоја страна. Во скалите има дупки кои ги држеле силните дрвени столбови. Градителите ги подигнувале блоковите од алабастер на дрвени косини, а за повлекување на блоковите се служеле со јажиња“, објаснил тогаш Јанис Гордо од францускиот Институт за археологија.

Освен рампите, археолозите пронашле и стотина папируси, кои сведочеле за посетите на фараонот во каменоломот Хатнуб.

Пронајдени се и 4 камени плочи. На едната од плочите е прикажан човек кој стои, а на преостанатите 3 се хиреоглифски записи кои истражувачите не успеале да ги одгатнат, затоа што биле во лоша состојба.

Папирусот открива сè?

Откритието на натписите на античкиот папирус, за древните чамци и генијалниоит систем на водени канали фрли ново светло на импозантната инфраструктура кои ја создале градителите на Гиза.

На парче папирус кое е најдено на пристаништето Вади ал Џарф, кој лично го напишал надзорникот Мерер, лидер на тимот од 40 елитни градежници, детално е опишано како 170.000 тони тешки блокови варовник, биле пренесени преку Нил до Гиза.

Работнивите ќе ги натоварале блоковите на дрвените бродови кои биле меѓусебно поврзани со јажиња, а потоа бродовите пловеле низ каналите до внатрешноста на пристаништето, кое било оддалечено само неколку километри од пирамидата.

Работниците всушност преку каналот го пренасочиле текот на реката Нил. Иако тоа веќе долго време се знае, дека гранитните блокови од кои се изградени пирамидите се доопремени од Асван, 855 метри јужно од Гиза, а блоковите од мермер од Туза, 8 кулометри подалеку, археолозите не можат да се согласат во врска со тоа како градежниот материјал бил точно пренесуван.

Остатоците од каналот се пронајдени под правливото плато во Гиза, како и главниот слив каде што се вршат главните испораки.

Во овој проект учествувале неколку илјади луѓе.

Ги граделе заради крокодилите?

Во 2019 година, египтологот и истражувач Ричард Бенгс претстави интересна теорија за тоа зошто античката цивилизација изградила пирамиди. Бенгс рече дека една од причините за создавање на овие импозантни градби е појавата на крокодили.

Секоја година долината на Нил би била погодена од поплави, но покрај плодното земјиште кое останало по повлекувањето на водата, поројот носел и непоканети гости, крокодили.

Овие влекачи ќе ги поплавеле бреговите на Нил. Во многу гробници се пронајдени мумифицирани крокодили кои ги придружуваат фараоните во задгробниот живот. Се наведува дека Египќаните го поврзувале појавувањето на крокодилите со повторното раѓање, па тоа објаснува зошто крокодилите имаат посебна симболика во локалната митологија.

Share
Scroll to Top