(Видео) Ибрахимовиќ се расплака во емисија за близок пријател кој боледува од леукемија

(Видео) Ибрахимовиќ се расплака во емисија за близок пријател кој боледува од леукемија

пред 2 години

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се вклучи во емисија која се снимаше за неговиот пријател, холандскиот новинар и портпарол на ПСВ Ајндховен, Тас Слегерс кој боледува од леукемија.

Слегерс веќе подолго време се лечи, а од неодамна и откри и на јавноста. Швеѓанецот кој важи за човек кој ретко покажува емоции, овојпат не издржа и заплака.

„Тој е мојот единствен пријател во Холандија. Ме поддржа кога бев млад, збунет и изгубен. Кога мислев дека немам никого. Ме контактираше во време кога новинарите не ми беа пријатели. Одлучи да ми се јави, да се најдме на ручек. Станавме добри пријатели. Игравме тенис заедно, се дружевме, а тој ми помогна многу. Ми објасни како работите функционираат во Холандија“, рече Ибрахимовиќ.

Двајцата се познаваат речиси две децении, уште од времето кога Ибрахимовиќ играше за Ајакс.

„За Тас пишував и во мојата книга. Секогаш ќе му бидам благодарен за тоа што го направи за мене. Секогаш ќе биде во моето срце. Тас единствено што сакам да ти кажам е дека те сакам пријателу мој“, рече Ибрахимовиќ.

За потсетување, фудбалерот како дете во 2001 година од Малме се пресели во Ајакс за осум милиони евра. За три сезони даде 48 гола и 17 асистенции. Потоа се пресели во Јувентус за двојно повеќе пари. Играше и за Интер, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галси и Барселона.

Share
Scroll to Top