(ВИДЕО) Ивановски: Засилена е изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка: Проектот е реализиран околу 40 проценти

(ВИДЕО) Ивановски: Засилена е изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка: Проектот е реализиран околу 40 проценти

пред 11 часа

Со засилено темпо продолжуваат градежните активности на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка, која е дел од пругата кон Бугарија.

Делницата е долга 34 километри, а во моментов интензивно се работи на изградбата на мостот број 7. Со должина од 194 метри, тој е најдолгиот мост на трасата и е еден од трите што сè уште не се изградени од вкупно предвидените 29 мостови.

Паралелно со работите на терен се произведуваат и бетонските елементи потребни за санација на 26-те полуизградени мостови од 1990-тите години.

За нивната санација треба да бидат произведени вкупно 352 бетонски елементи. Досега се изработени 71, а производството се одвива со динамика од околу 10 елементи неделно.

Вкупната реализација на проектот во моментов изнесува околу 40 проценти. Според проекциите, до крајот на годинава се очекува да бидат завршени 50 проценти од предвидените активности.

Изградбата ќе продолжи со засилено темпо до целосна реализација на овој капитален инфраструктурен проект, кој треба да го унапреди железничкото поврзување на Македонија со Бугарија.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Share
Scroll to Top