Игор Џамбазов и Гуру Харе го објавија спотот за преработката на анталогиската песна „Заветна“.
Во оригинал своевремено ја отпеа македонскиот фолк пејач Пепи Бафтировски. Гуру Харе го направи аранжманот во блуз варијанта, а Тамара Тодевска ги пее придружните вокали.
„Една од најубави народни, патриотски песни, аранжирана генијално од Гуру Харе. Звучи како Пепи Бафтировски и Гери Мур да седеле на иста маса и ја напишале оваа песна“, рече Џамбазов.