Алпинистката Илина Арсова стана инструкторка на Универзитетот од Тенеси во САД и доби престижна стипеднија за докторски студии. Таа оттаму им испрати порака и им се заблагодари на сите пријатели и фанови за поддршката која ја добила.
„За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси. Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Арсова.
За потсетување, Илина Арсова е првата Македонка која успеала да ги освои сите седум највисоки врвови на седум континенти. Таа е во љубовна врска со актерот и шоумен Игор Џамбазов, со кого често ги измамуваат погледите на публиката.