(Видео) „Илјада ѕвезди“ среде пандемија е новата песна на поп-рок бендот 2Be

(Видео) „Илјада ѕвезди“ среде пандемија е новата песна на поп-рок бендот 2Be

пред 3 години

Македонскиот поп-рок бенд 2Be неодамна ја издаде третата песна насловена како „Илјада ѕвезди“. Покрај двете успешни нумери, „1000 песни“ и „Врати се“, оваа песна е нивната втора авторска песна.

Музиката, текстот и комплетниот аранжман е на момците од бендот: Љупче, Тино и Синиња.

За разлика од претходните два спота кои се снимени на различни локации низ Македонија, овој пат спотот за песната е едно креативно lyrics видео во забрзана снимка.

2Be велат дека поради ситуацијата во која сме веќе цела година, тие се одлучиле за едно поинакво видео, снимено во домашни услови, на еден поинаков и креативен начин.

„Навистина беше многу забавно да се снима еден ваков видеозапис“, велат тие притоа најавувајќи дека ќе следи уште нешто ново за скоро време.

Share
Scroll to Top