(Видео) Иранската актерка Хенгамех Газијана е уапсена затоа што го симнала велот и ги поддржала протестите во Иран

(Видео) Иранската актерка Хенгамех Газијана е уапсена затоа што го симнала велот и ги поддржала протестите во Иран

пред 1 година

Иранската полиција ја уапси актерката Хенгамех Газијани откако објави видео на кое е без муслиманскиот вел. Го симнала во знак на поддршка на протестите и движењето кое се случи во септември по смртта на младата Иранка Махса Амини во притвор.

Протестите почнаа на 16 септември, на денот на смртта на 22-годишната Амини, која починала во болницата во која била сместена откако претходно била уапсена на 13 септември во Техеран. Властите ја уапсиле за носење несоодветна облека и непочитување на строгите правила за облекување на жените во Иран.

Демонстрациите подоцна прераснале во движење против иранските власти. Според невладините организации во протестите биле убиени стотина луѓе, а околу 15.000 се уапсени. Некои од уапсените се осудени на смрт.

Газијани е уапсена за поттикнување и поддршка на нередите и комуникација со опозициските медиуми, пренесе државната агенција „Ирна“. Актерката претходно рече дека добила повик од судот, а на видеото кое го објавила на „Инстаграм“ се гледа како го трга велот.

„Можеби ова ќе биде мојата последна порака. Од сега, што и да ми се случи, знајте дека секогаш ќе бидам со иранскиот народ, до мојот последен здив“, рече таа.

52-годишната актерка последните недели остро го критикуваше отпорот на властите против протестите и ги обвини за убиство на деца. Иранското правосудство ја повика, заедно со уште седум лица од светот на филмот, политиката и спортот, за објавување  провокативни содржини во знак на поддршка на протестите.

Share
Scroll to Top