(Видео) И баби чекаа ред да влезат во скопскиот Н&M

(Видео) И баби чекаа ред да влезат во скопскиот Н&M

пред 2 години

Во една долга редица, млади и стари чекаа влез пред Ист гејт мол за да бидат помеѓу првите кои ќе добијат ваучер за новоотворената продавница Н&M, која денес официјално се отвори .

Посебна беше колоната само за посетителите кои сакаа да влезат, а дел од нив дошле и пред 8 часот. Покрај дамите од младата генерација имаше и баби кои стрпливо чекаа во редот за да го фатат попустот.

Вработените во овој бренд имаа подготвено кореографија пред да ги отворат вратите на бутикот, па одиграа синхронизирано танц.

Се доделија ваучерите кои ги ветија од H&M од 15.000, 6.000 и 3.000 денари, па потоа следуваше шопингот. Наместо тепачка за влез, беше направен ред од страна на организаторите и редарите, а редот беше до самиот влез на Ист гејт мол. Еден до друг, стиснати за што побрзо да се дојде до влезот на продавницата.

Share
Scroll to Top