(Видео) И вие имате право да се забавувате, принцот Хари маскиран како Спајдермен им испрати предновогодишна божиќна порака на децата чии родители ги изгубиле во војната

(Видео) И вие имате право да се забавувате, принцот Хари маскиран како Спајдермен им испрати предновогодишна божиќна порака на децата чии родители ги изгубиле во војната

пред 1 година

Принцот Хари во костим на Спајдермен им испрати предновогодишна божиќна порака на децата чии родители умреле во војна. Тој им рече дека е во ред и дека имаат право и тие да се забавуваат како и сите други. Пораката ја испрати преку фондацијата Scotty’s Little Soldiers која е основана за поддршка на овие деца.

dobivaj vesti na viber

Хари сними и видео маскиран во омилениот лик на „Марвел“, Спајдермен, а лицето го откри пред самиот крај на снимката.

„Божиќ е време кога најмногу ни недостигаат нашите сакани и тоа е во ред. Дозволено ви е да се забавувате како никогаш досега“, рече Хари, кој исто така остана без неговата мајка, принцезата Дајана, кога имаше 12 години.

Видеото им го пуштија на децата на божиќна забава, а темата беше херои и негативци. Откако го гледаа видеото едно од децата рече Хари не доаѓа од некое мало село, туку дека го знаат луѓето ширум светот и дека и покрај тоа, тој нашол време да им испрати посебна порака. „Тоа многу ни значи“, рече детето.

Share
Scroll to Top