Поп-дивата Калиопи има нова песна „Кад осване“ која е е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал. Песната е комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник и поранешен сопруг Ромео Грилл. „ „Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови“, вели поп-дивата. Таа неодамна имаше промоција на дуетската песна „Знам“, со Жељко Самарџиќ, која стана голем хит.