(Видео) Кандидат за судија со каиш претепал девојка

(Видео) Кандидат за судија со каиш претепал девојка

пред 2 години

Американската јавност е згрозена од видеото на кое се гледа како еден од кандидатите за судии во округот Маскегон, Џејсон Колкема, во неговиот стан во Мичиген со каиш претепал девојка.

dobivaj vesti na viber

Настанот се случил на 19 септември. На видеото се гледа како тој во неколку наврати замавнува со каишот и ја удира девојка која седи на фотелја. Кога приметил дека некој го снима, со прстот и посочил на девојката да молчи. Џејсон тврди дека е невин, а на „Фејсбук“ напиша дека не ја удирал девојката, туку фотелјата.

„Го разбирам гневот и разочарувањето, особено од луѓето кои гласаа за мене и ме поддржуваа. Сите факти ќе бидат откриени наскоро“, рече Џејсон.

За потсетување, ова не е првпат да се соочи со обвинение за насилство. Неколку дена претходно, наводно во неговиот стан ја плукнал 12 годишната ќерка на неговата девојка, иако имал од судот забрана да и се доближи. Три месеци претходно полицијата примила повик од девојка му дека ѝ удрил шлаканица.

Кога полицијата пристигнала ѝ рекол дека жената измислува работи кога е пијана, а таа одбила да соработува со службите.

Share
Scroll to Top