Српската пејачка Јелена Карлеуша од глава до пети облечена во луксузниот моден бренд, Муглер позира на мотор.Таа се пофали со фотографии и видеа на социјалните мрежи облечена во провокативен комбинизон со потпис на Муглер, кој ја оцртува нејзината фигура, а на прв поглед изгледа како да е гола.
Фотографиите со пејачката ги објави и луксузниот бренд на официјалниот профил и напиша дека Карлеуша носи спортски градник со еко ликра и проѕирни спирални хеланки.
Јелена Карлеуша досега неколку пати се појавува во јавноста со модни парчиња облека пред светските ѕвезди, како Ким Кардашијан, Ники Минаж и Бијонсе.