(Видео) Карлеуша тргна да ја спасува ќерка ѝ па заглави среде поплава во Белград

(Видео) Карлеуша тргна да ја спасува ќерка ѝ па заглави среде поплава во Белград

пред 2 години

Пејачката Јелена Карлеуша вчеравечер со колата заглави на поплавена улица во Белград, а маж што беше близу неа ѝ помогна да се извлече од автомобилот. Таа објави неколку слики и видеа од поплавата и се пожали дека тоа ѝ е најлошиот ден во животот, оти неколку часа претходно кажа дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ со кого беше 14 години во брак.

Карлеуша раскажа што се случувало и му се заблагодари на мажот што ѝ помогнал да излезе од колата. Вели, сепак постојат добри луѓе на светот.

„Синоќа, додека пробував да дојдам до тетка ми Данијела која со колата беше заглавена во вистинско езеро на Бежанија (а со неа во колата беше и ќерка ми Ника), со џипот влетав предлабоко, без да размислувам, и покрај предупредувањата на полицијата. И самата заглавив во водата која надоаѓаше. За среќа, има прекрасни граѓани, кои иако и самите беа во неволја со колите, ми помогнаа машки и џентлменски“, вели Карлеуша во пораката.

Таа додава дека колата ѝ ја спасиле и потоа ја однесе во сервис на Мерцедес, а таму неколку луѓе го чистеле салонот од поплавата.

„Мислев дека луѓето се чистачи, но тоа беше директорот на салонот, па да му се заблагодарам и нему за целото малтретирање околу мојата кола. Не ги потценувајте луѓето што чистат. Како народ можеме да сме вакви или онакви, но кога паѓаме, овој народ покажува колку е голем и добар. Ќерка ми, тетка ми и мене не спасија прекрасни луѓе на кои јавно им се заблагодарувам“, вели Карлеуша.

За потсетување, Јелена во текот на денот објави дека таа и Душко се разведуваат и дека тој веќе не се гледа себеси како дел од семејството. Пејачката додаде дека решиле да се разведат без многу помпа, натегања и скандали, а дека целиот заеднички имот ќе го наследат ќерките. Според спогодбата Карлеуша ќе биде старател на децата.

Карлеуша официјално потврди дека се разведува: Душко повеќе не нѐ гледа како семејство

Share
Scroll to Top