Кајли Џенер објави на „Тикток“ како изгледа нејзината палата од 36 милиони долари. Вилата во елитниот кварт на Лос Анџелес, Хомби Хилс, е со седум спални соби, а на имотот има два апартмани за гости и смештај за службениците. Вилата е опремена со барови, теретана, домашно кино, базен и соба за игри.
Сепак фановите беа разочарани затоа што Кајли само ја покажала нејзината дневна соба. На почетокот рече дека нема да им ја покаже целата палата, па многумина останаа разочарани.
„Девојко, сврти ја камерата. Се чувствувам како да сме на Facetime. Само покажи ни ја куќата“, биле дел од коментарите на видеото кое е видено повеќе од 20 милиони пати.
По кратката турнеја, Кајли откри дека го сака својот бар поради убавото светло и дека летово има намера да почне да учи да свири пијано.
@kyliejenner Replying to @habibi ♬ original sound – Kylie Jenner