Познатиот забавувач и кечер Девон Николсон, познат под надимакот Ханибал, со кама ја бодел и сечел главата на судијата Ландо Делторо и почнал да го гризе. Тој му нанел тешки повреди, по кои Делторо брзо потоа изгубил свест, пишуваат медиумите.
Место забава, Ханибал им приредил хорор на гледачите. Целиот инцидент се случил во рингот во градот Ирвинг во Тексас каде што се одржувале борбите. Настанот бил во рамки на божиќниот турнир „Војна на ѕвездите“.
Ханибал прво го онеспособил Делторо, а потоа со кама почнал да му ја сече главата. Откако персонал го извлекле од рингот веднаш го префрлиле во болница. Блиски пријатели на Делторот велат дека сликите најдобро сведочат за тоа што се случило.
I’m not about “Cancel Culture”, but promotions need to STOP booking “Hannibal”, AKA “Blood Hunter”. There’s been numerous accusations of sexual harassment & several incidents of him legit injuring people. He’s a reckless liability that’s all about himself & getting YouTube views. pic.twitter.com/AfB2hc5LiF
— The Slop Drop (@TheSlopDrop1) December 12, 2021
Тие велат дека имал голема среќа што доживеал и преживеал хиповолемија, состојба во која пациентот губи премногу крв што може да доведе до состојба срцето да не пумпа доволно во организмот. Брзата интервенција на лекарите спречиле да дојде до поголема трагедија.
„Не сум видел толку крв уште од Фалуџа, беше страшно“, рече Делто, кој инаку е воен ветеран и поранешен борец на САД во Ирак.
„Сега закрепнувам дома, но уште ми се врти од болките. Фала ви на сите за поддршката и љубовта што ми ја испраќате. Цврсто верувам дека ако правите добро, со добро ќе ви се враќа“, рече тој.
Целиот случај го истражува и полицијата во градот Ирвинг. Според неофицијални информации, Боречката федерација исто така ќе покрене постапка против Ханибал со намера засекогаш да го исфрли од натпреварувањата.