(Видео) Кина ги објави првите снимки од Марс

(Видео) Кина ги објави првите снимки од Марс

пред 3 години

Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) објави видео кое го направи роверот Џуронг, од површината на Марс. Снимките се направени со бежична камера, која роботот ја постави на земјата. Роботот на шест тркала го истражува регионот познат како Утопиа Планитиа.

Во кинеските медими се прикажани и детали од слетувањето на роверот во мај со падобран. Телевизијата CNSA пренесе дека роверот возел 236 метри за време од 42 сола. Сол претставува еден ден на Марс. Денот е нешто подолг од оној на Земјата и изнесува 24:39:35 часа.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top