(Видео) Кина го пушти во сообраќај најбрзиот воз во светот со кој од Пекинг до Шангај може да се стигне за само 2,5 часа

(Видео) Кина го пушти во сообраќај најбрзиот воз во светот со кој од Пекинг до Шангај може да се стигне за само 2,5 часа

пред 2 години

Кина го пушти во сообраќај најбрзиот воз во светот. За негово производство користена е технологија на магнетна левитација MAGLEV и истиот може да развие брзина од 600 километри на час. Одбојните магнетни сили меѓу шините и тркалата овозможува тој практично да лебди над нив.

Експертите велат дека во целост успеале да го елиминираат триењето. Тоа овозможува тој да постигне многу поголема брзина од конвенцијалните возови. Патувањето од Пекинг до Шангај со новиот воз трае само 2,5 часа, што е двојно помалку во однос на досегашните возови.

Кина планира MAGLEV возовите да ги премрежи низ целата земја, со цел времето на патување меѓу најголемите градови да го скрати на само 3 часа патување.

Share
Scroll to Top