(Видео) Кинезите ја изградија првата брза пруга на море на која ќе се патува со 350 километри на час

(Видео) Кинезите ја изградија првата брза пруга на море на која ќе се патува со 350 километри на час

пред 2 години

Во Кина е изградена првата брза пруга на море. Возовите на оваа пруга ќе можат да се движат и до 350 километри на час. Последните работи беа завршени на 30 август, кога беа поставени последните челични шини во должина од 500 метри. Целата пруга е долга 277,4 километри.

dobivaj vesti na viber

Шините беа поставени на северната станица Сијамен на брзата железница Фуџо-Сијамен. Властите велат дека оваа железница ќе биде од големо значење за промоција за брз развој на групата градови од југоисточниот брег.