(Видео) Кире Лазаров слави роденден: Од ЕХФ стига честитката за капитенот

(Видео) Кире Лазаров слави роденден: Од ЕХФ стига честитката за капитенот

пред 3 години

Селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, денес го слави 41 роденден.

Европската ракометна федерација (ЕХФ), со видео од неговиот гол за победа во последните секунди против Украина, на ланското ЕП во Виена, Австрија, му го честиташе роденденот.

Роденден му честитаа и фановите и му посакаа да продолжи со одличната игра како и досега.

Кире по убаво ќе ја памети годината која ја остави зад себе.

Лани фановите го избраа за најдобар десен бек на деценијата. И покрај тоа што навлезе во петтата деценија од животот, тоа не беше доволна причина да ја остави топката, а како што и самиот изјави, неговата љубов кон Македонија беше главниот мотив да го одложи пензионирањето.

Кире периодов сруши и неколку рекорди. Откако на Светското во Египет стана најдобар стрелец, тој стана и единствениот ракометар на кој му успеало да го повтори овој успех во четири различни децении.

Лазаров исто така е прв на вечната листа на стрелци во Лигата на шампиони, но, сега стана и играчот со најголем број на настапи во ова натпреварување.

Нант и на 41-годишна возраст му понуди на Кире нов едногодишен договор, откако на тренерот Ентрериос и на челниците на францускиот клуб им стана јасно дека сѐ уште има што да покаже и сподели од своето ракометно знаење.

Share
Scroll to Top