Капетанот на бродот, Пако Хименез Франко, во лагуната Ојо де Либре во Мексико објави видео од кит.
Кога китот излезе на површина Пако му ги отстрани морските вошки главата. Видеото им го разубави денот на многу туристи и љубители на животни. За потсетување, морските вошки се хранат со мртвата кожа и месото на китовите. Тие не се штетни за нив, но можат да предизвикаат иритација.






