(Видео) Кларинетистот Јане Рафаиловски промовираше нов музички проект

(Видео) Кларинетистот Јане Рафаиловски промовираше нов музички проект

пред 2 години

„Превез од сништа“ е новиот музички и визуелен проект наинструменталистот Јане Рафаиловски.

dobivaj vesti na viber

Авторското дело на инструменталистот по промоцијата во музичките кулоари се доживува како уште еден негов проект во кој успева музиката да ја претвори во слика и во боја. Спотот е надополнување во приказната.

„Верувам дека ќе уживате во музичката и визуелна приказна, на која со мојот тим работевме подолго време. Дозволете да ги разгалиме вашите сетила, да ве инспирираме и одведеме во музичките соништа“, вели Рафаиловски.

Музиката е на Јане Рафаиловски, аранжманот за „Превез од сништа“ го направи Дамир Имери, спотот е дело на Огнен Шапковски и неговиот тим.

Share
Scroll to Top