Возач слушајќи ја навигацијата завршил со автомобилот во море во Грција. За среќа повредени нема, а автомобилот со чамец е донесен до брегот и потоа со јаже го извлекоа десетмина луѓе. На социјалните мрежи веднаш почнаа со шегите.
„Не пешачел многу, малку и пливал. Упатете се југозапад, па на десно и стигнавте на вашата дестинација. Сега само добро нека го исплакне со свежа вода, за да не кородира. Па како успеал? Да не паднал од траект“, биле некои од нив.