Српската музичарка Констракта настапи на второто полуфинале на изборот за песна на Евровизија.
Нејзината песна насловена „Ново, боље“ се пласираше во финалето кое ќе се емитува во сабота на 2 март во 21 часот на РТС.
Констракта на сцената месеше леб.
Српската претставничка на Евровизија пред две години ги освои симпатиите на публиката, а и годинава е еден од фаворитите.