(Видео) Кочани, Кочани... емоции на крајот од првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

(Видео) Кочани, Кочани… емоции на крајот од првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

пред 4 дена






Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Мечот се одигра помеѓу тимот на Осогово во Кочани и тимот на Македонија ЃП.

Натпреварот заврши 0:0.

Во 59. минута почна ракоплескање во помен на 59-те жртви од пожарот, а штипската телевизија „М Нет“ го пренесе моментот.

Потоа се скандираше „Кочани, Кочани“ за градот обвиткан во црно.






Share
Scroll to Top