(Видео) Кошаркарите на Македонија ја победија Италија

(Видео) Кошаркарите на Македонија ја победија Италија

пред 3 години

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја победи Италија 87:78 во натпревар од квалификациите за Евробаскетот. Тие со пресврт ја победија Италија која беше фаворит на натпреварот, и која по првото полувреме водеше 16 поени.

Со денешната победа македонските кошаркари ги задржаа шансите за пласман на еврошамионатот. Ако утре победат против Естонија со двоцифрена разлика, тогаш ќе играат на следното Европско првенство.

Најдобар во македонскиот тим беше Ненад Димитријевиќ кој даде 22 коша и имаше 7 асистенции, но се повреди пред крајот и нема да игра против Естонија.

Share
Scroll to Top