(Видео) Крај на криењето, сè е јасно: Ким Кардашијан ја потврди врската со Хамилтон

(Видео) Крај на криењето, сè е јасно: Ким Кардашијан ја потврди врската со Хамилтон

пред 12 часа

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан дефинитивно повеќе не е сингл. По претходните шпекулации дека започнала врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, Ким беше видена со него на Супербоул, но немаше официјална потврда.

Се чини дека нема да има официјално соопштение од риалити ѕвездата или шампионот на Формула, но фактот дека не се кријат јавно зборува сам за себе.

Според странските медиуми, двојката прошетала низ Токио држејќи се за раце, заедно посетувале продавници, а биле придружувани и од нејзината сестра, Клое Кардашијан.

За оваа пригода, Ким избрала долг, тесен, сив фустан со ракави и шлиц на задниот дел, секако, во комбинација со високи потпетици, додека Хамилтон бил облечен лежерно и ги поздравувал фановите по патот.

Гласините за нивната врска започнале во февруари, кога се пишуваше дека патувале заедно на романтичен одмор, а интересно е што пред сето ова, тие биле добри пријатели. Иако, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, озлогласениот рапер Канје Вест, претходно зборуваше за тоа како Ким флертувала со Хамилтон, дури и додека таа била во брак со Вест.

Share
Scroll to Top