(Видео) Кристина Димитриевска преработи песна од Северина: Секогаш плачам кога ја слушам оти ја раскажува и мојата животна приказна

(Видео) Кристина Димитриевска преработи песна од Северина: Секогаш плачам кога ја слушам оти ја раскажува и мојата животна приказна

пред 3 години

Манекенката и поранешна мис, Кристина Димитриевска, го преработи хитот на Северина, „Роѓено моје“. Песната ја посвети на нејзиниот син Давид, кој го има од бракот со Даниел Кајмакоски. Кристина песната ја сними пред два месеца во Коа рекордс со Алек Каранџуловски.

„Секогаш кога ја слушам оваа песна плачам, зашто ја раскажува и мојата животна приказна. И се водам од тоа дека мајката и да лее крвави солзи, пред своето дете треба да е најсреќна. На крајот на денот јас и мојот син сме најсреќни, а тоа е нашата животна победа“, вели таа за „Репортер“.

За потсетување, Кристина пред две години се разведе од пејачот Даниел Кајмакоски, со кого го има синот Давид. Пејачот неодамна ја обвини Кристина дека се обидела да го отруе и дека му ставила нешто во кафето, а тој заврши во болница. Кристина тогаш демантираше дека пробала да го отруе поранешниот маж. Иако ни Кристина ни Даниел во јавноста не зборуваат за приватниот живот и за разводот, неодамна во интервју за „Репортер“ таа рече дека по разводот му е и мајка и татко на своето дете.

Share
Scroll to Top