(Видео) Кристина Димитри го смени имиџот па препеа хит од Северина

(Видео) Кристина Димитри го смени имиџот па препеа хит од Северина

пред 2 години

 

dobivaj vesti na viber

Кристина Димитри, која веќе неколку месеци со диџеј Боно настапува во клубовите низ Македонија, ја препеа „Добродошао у клуб“ од Северина. Таа вели дека ја обожава песната и дека песните од Северина се голем дел од нејзиниот репертоар на настапите.

„Оваа песна ми беше долго во мислите и имав желба да ја препеам. Таа беше првата песна што ја испеав на првиот состанок со мојот сегашен менаџер пред да започне оваа музичка приказна. Бидејќи Северина ја сакам и следам од мала, чест ми е што сега можам да ѝ го пеам песните“, рече Кристина за „Репортер“.

Каверот е снимен во студиото на Иван Јованов – Ивајо, а видеото во Ред централ продакшн во Тетово.

Кристина најави и дека со Боно и нивниот тим Лилипоп се спремаат за Макфест, што ќе се одржи на 21 и 22 октомври во Штип. Песната што ќе ја испеат на реномираниот фестивал се вика „Салса“.

Share
Scroll to Top